Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал забележаа уште еден кикс во борбата за шампионската титула во Премиерлигата, одигрувајќи нерешено 1:1 на гостувањето кај Фулам. Овој резултат дополнително ги отежнува нивните амбиции за враќање на врвот на табелата.
Очигледно е дека менаџерот Микел Артета почнува да согледува дека на тимот му недостасува напаѓач со завидна реализација, нешто што моментално не го добива од Габриел Жесус. Неговите настапи, иако солидни, не носат доволно голови за да ја обезбедат неопходната предност во клучните натпревари.
Според извештаите, Арсенал е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро, кој веќе го привлече вниманието на клубови како Ливерпул. Лондонскиот клуб наводно подготвува понуда од 65 милиони евра, што е сумата која Брајтон ја бара за овој талентиран фудбалер.