ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Новото работно место на Горазд Михаилов е улогата на главен тренер во фудбалскиот клуб Беса, кој е дел од македонската Прва лига.
Трет пат оваа сезона, Михаилов ќе работи во македонската Прва лига. По Вардар и Брера Струмица, ова е негов следен предизвик.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека постигнавме договор со Горазд Михаилов, кој ќе го предводи нашиот стручен штаб. Дел од тимот ќе бидат и Златко Ристов, кој ќе ја извршува улогата на асистент тренер, како и Иван Тиосављевиќ, кој ќе биде задолжен за кондициската подготовка на играчите“, соопштија од управата на клубот.