Анчелоти открива од што стравува пред „Ел Класико“


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Утре од 20:00 часот во Саудиска Арабија ќе се игра финалето на шпанскиот Суперкуп меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Ќе биде тоа првиот дуел меѓу гигантите оваа година и шанса за Барселона да се одмазди на Реал за поразот минатата сезона во финалето, но и за Реал да се одмазди за поразот од 4:0 во Примера оваа сезона.

Токму за овој натпревар Карло Анчелоти зборуваше на денешната прес-конференција и нагласи од што стравува, а тоа се офсајдите.

„12 офсајди во последниот Ел Класико? Ова е важен детал кој го анализиравме и разговаравме со играчите, страв ми е да не се повтори нешто слично“, рече Анчелоти на конференцијата за новинари.