Анчелоти си заминува од Реал Мадрид!

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, решил да го напушти клубот по завршување на оваа сезона, објавија шпанските медиуми денеска.

Иако неговиот договор со „кралскиот клуб“ е до 2026 година, се вели дека искусниот италијански тренер одлучил да замине. Неговата одлука е крајна, без оглед на тоа како ќе заврши сезоната.

Веќе подолго време во фудбалските кругови се шпекулира дека за наследник би можел да биде избран Чаби Алонсо.