Димитриевски и Валенсија ќе се соочат со Барселона во Купот на Шпанија

Денес беа извлечени четвртфиналните парови за шпанскиот Куп, кои ни донесоа интересни натпревари.

Еден од највозбудливите натпревари ќе биде големото дерби меѓу Валенсија и Барселона.

Од друга страна, Реал Мадрид ќе игра против Леганес, што се смета за релативно полесна задача. Во останатите дуели, Атлетико Мадрид ќе се натпреварува против Хетафе, а Реал Сосиедад ќе се сретне со Осасуна.

Овие четвртфинални соочувања ќе бидат одиграни на 4, 5 и 6 февруари.