Де Брујне прифаќа „епизодна“ улога и сепак останува во Сити?


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити Кевин Де Брујне би можел сепак да остане на „Етихад“, иако му на лето му истекува договорот со „Граѓаните“ – дознава британскиот Мирор.

Улогата на Белгиецот во последните неколку месеци е значително намалена во споредба со порано, иако тој обично е „човек за најголемите натпревари“, кога е барем малку подготвен за нив.

Фудбалерот за врска има проблеми со повреди во доцната фаза од кариерата, поради што неговото време на теренот е редуцирано дури и кога е во натпреварувачки погон.

Откако пристигна во Сити во 2015 година, досега има 410 настапи, постигнато 106 голови и на тоа има додадено 174 асистенции.