Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Сер Џим Ратклиф, ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, искрено ги опиша предизвиците на клубот, истакнувајќи дека дел од играчите се платени повеќе од што заслужуваат или не ги исполнуваат поставените очекувања.
Тој подвлече дека е неопходно да се справат со наследството од минатите трансфер грешки, кои според него, значително ги чинат клубот и неговите сопственици.
Ратклиф нагласи дека за исправување на минатите одлуки ќе биде потребно време, упатувајќи на неколку клучни трансфери направени пред тој да стане дел од клубот.
„Ако анализираме кого купуваме ова лето, тоа всушност се играчи што веќе сме ги донеле во претходните години – Антони, Касемиро, Онана, Хојлунд, Санчо. Без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, ова е наследството што го презедовме и сега мора да најдеме начин да се справиме со тоа“, изјави Ратклиф.