Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Карло Анчелоти, еден од најтрофејните тренери во историјата, кој го води Реал, повторно преговара со Фудбалскиот сојуз на Бразил за преземање на таа репрезентација.
Ова го објави бразилскиот медиумски гигант Глобо и додаде: “Анчелоти побара преговорите за конкретни работи да не се одвиваат пред завршувањето на клупското СП, кое завршува средината на јули.”
Анчелоти со Реал освои две шпански првенства и купа, како и три Лиги на шампиони. Договорот му трае до летото на следната година.