Мбапе го престигна Роналдо, па сега го брка рекордот на Заморано

Килијан Мбапе повторно ја демонстрира својата моќ во дресот на „кралевите“, играјќи клучна улога во возбудливата победа над Леганес со 3-2.

Со ова, Мбапе стигна до 33 погодоци во дебитантската сезона за мадридскиот гигант, достигнувајќи го рекордот на Кристијано Роналдо од неговата прва сезона во Реал Мадрид (2009/10), кога постигна ист број голови по доаѓањето од Манчестер Јунајтед.

Но, ова достигнување не е последна цел за францускиот талент. Неговата следна амбиција е да го надмине рекордот на Иван Заморано, кој во сезоната 1992/93 постигна 37 погодоци на 45 натпревари, што и понатаму претставува највисоко остварување за новајлија во дресот на Реал.

За споредба, во својата прва сезона во Реал Мадрид (2002/03), бразилецот Роналдо постигна 29 гола на 43 натпревари.