Тешка повреда на голманот во Ла Лига: Мораше итно да биде опериран (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Голманот на Лас Палмас, Јасен Силесен кој има 65 настапи за Холандија, сериозно се повреди на натпреварот од 29. коло на Ла Лига против Селта (1:1). Во 27. минута тргна по топката, кон која исто така се упати и играчот на противничката екипа Борха Иглесиас.

Фудбалерот на Селта го удри голманот на Лас Палмас со колено во стомакот, и тоа силно. „Марка“ пишува: „Силесен итно беше опериран во Виго поради повреди на внатрешните органи“.

„Холандскиот голман итно беше пренесен во болница, каде што му беше дијагностицирана внатрешна повреда. Потоа беше префрлен во друга, подобро опремена болница.