Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид на уште само нешто повеќе од два и пол месеци, а шансите клубот да му понуди продолжување на соработката се сè помали. Тоа го пишува Ас, наведувајќи дека во слична ситуација како скоро 40-годишниот Модриќ се и Лукас Васкес и Давид Алаба.
Модриќ во септември ќе го прослави својот 40-ти роденден и е во клубот подолго отколку многу предвидувања и очекувања. Реал нема обичај на играчи во подоцнежен период од нивната кариера да дава нови договори, но заклучокот пред претходното продолжување беше дека Модриќ тоа го заслужува со својата игра и залагане. Шпанскиот Ас мисли дека тоа нема повторно да се случи.
Можното доаѓање на Зубименди (26) ја отежнува позицијата на Модриќ. „Јасно е дека неговото доаѓање, или доаѓањето на некој друг, би го комплицирало останувањето на Модриќ. Неговата кариера во Мадрид се смета за повеќе од завршена“, пишува Ас.
Фото: Real Madrid/FB