Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сега е познат следниот чекор во неговата многу богата кариера.
Со само 18 години, Сер Алекс Фергусон го донесе во тимот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, а сè потоа е историја.
Го “запали” фудбалскиот терен во Англија и по шест сезони минати кај “Црвените ѓаволи”, премина во Реал Мадрид.
Во кралскиот клуб играше најдобар фудбал во кариерата и освои сè што можеше да се освои со Реал Мадрид.
По Реал, имаше епизоди во Јувентус и Манчестер Јунајтед, пред да премине во тимот на Ал-Наср.
Според шпанската „Марка“, Роналдо ќе потпише нов договор со Ал-Наср на две години (1+1), со тоа што втората година од договорот ќе биде на Роналдов личен избор.
Фото: Al Nassr/FB