Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Рафаел Надал (Фото)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Челниците на Ролан Гарос објавија дека ќе му оддадат посебна почит на живата легенда на овој гренд слем турнир, Рафаел Надал, на првиот ден од годинешното натпреварување.

Ќе биде тоа церемонија полна со изненадувања“, рече директорката на турнирот Амели Морезмо.

Церемонијата ќе се одржи на теренот “Филип Шатрије” по првите три дневни натпревари.

Надал последен пат играше во Париз на 29 јули 2024 година, кога загуби од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Олимписките игри во Париз.

Тој е рекордер на вториот гренд слем на сезоната со неверојатни 14 трофеи. На влезот на Ролан Гарос има статуа.

Надал официјално се повлече од тенисот на финалниот турнир на Дејвис Купот, минатиот ноември на стадионот Мартин Карпена во Малага.

Фото: Grok AI