Проблеми за Реал Мадрид: Мбапе го пропушта финалето во Купот!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, ќе го прескокне натпреварот против Хетафе во среда.

Освен тоа, неизвесен е за саботното финале на Купот на кралот против Барселона.

„Го мачи повредата и не може да му помогне на тимот. Се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и оттогаш е на терапии. Прави сè што може за да биде достапен во сабота”, кажа тренерот на Реал Карло Анчелоти на денешната прес-конференција.

Мбапе поради суспензија не играше во неделата против Атлетик Билбао.

Фото: Реал Мадрид/ФБ