Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Карло Анчелоти веројатно ги брои последните натпревари на клупата на Реал Мадрид и речиси е сигурно дека следната сезона нема да го води овој тим. По поразот од Барселона во Купот на кралот на површината испливаа разни работи, а една од нив е особено изненадувачка.
Иако со Реал во претходните сезони оствари одлични резултати, Анчелоти се наоѓа пред отпуштање, бидејќи постои можност „Кралевите“ оваа сезона да ја завршат без трофеј.
По испаѓањето во четвртфиналето на Лигата на шампионите, екипата на Реал Мадрид беше поразена и во финалето на Купот на кралот, каде што по продолжениjата беше поразена од Барселона со 3:2.
Шпанските медиуми наведуваат дека Анчелоти и Перез веќе некое време немаат добри односи, а сето тоа започна со инсистирањето на италијанскиот тренер уште пред почетокот на сезоната да го зајакне стручниот штаб.
Анчелоти му кажал на Перез дека тој и неговите помошници не можат да го завршат целиот потребен материјал за подготовка на натпреварите поради згуснатиот распоред и барал клубот да вработи уште неколку тактички аналитичари за да му помогнат, но тоа не се случило.
Шпанскиот весник Relevo наведува дека Анчелоти во неколку наврати го побарал ова од Перез, но претседателот на Реал не му излегол во пресрет, сметајќи дека стручниот штаб кој го има е доволен, како што се покажа минатата сезона.
Фото: Принтскрин