Доаѓа крајот на Анчелоти во Мадрид, позната е неговата замена во Реал!?

Карло Анчелоти на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Потврдата стигна од новинари блиски на кралскиот клуб.

Карло Анчелоти ќе го води Реал Мадрид во уште пет натпревари и потоа ќе го напушти клубот. Екипата на Светското клупско првенство ќе има нов тренер.

Угледните новинари блиски на Реал Мадрид, Марио Кортегања и Мигел Анхел Дијаз, добија потврда дека Дон Карло си заминува.

“Реал Мадрид наскоро ќе донесе одлука кој ќе ја води екипата на Светското клупско првенство – Сантијаго Солари како привремен тренер или Чаби Алонсо како нов тренер на екипата.”

Фотографија: Принтскрин