Радоста кратко траеше: Енрике соопшти лоши вести по триумфот во Лондон


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


ПСЖ синоќа во Лондон славеше со 1:0 против Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а човекот на одлуката беше Осман Дембеле, кој во четвртата минута го постигна единствениот гол.

Арсенал, за разлика од дуелот со Реал Мадрид во четвртфиналето, не покажа многу и Топџиите очигледно останаа без муниција, додека Парижаните можеа и поубедливо да слават.

Дефинитивно се сега чекор поблиску до новото финале на Лигата на шампионите, иако на Паркот на принцовите нема да биде нималку лесно да се заврши работата. И воопшто, според сѐ изгледа ќе бидат хендикепирани затоа што тој дуел би можел да го пропушти токму најдобриот стрелец на тимот Дембеле.

Дембеле, чијшто гол во четвртата минута ја реши првата средба во корист на ПСЖ, во 70-тата минута беше заменет со резервниот играч Бредли Баркола откако седна и се фати за задниот дел на ногата пред клупата на ПСЖ.

„Ќе се обидеме да го вратиме Дембеле на теренот“, изјави Луис Енрике. „Но, ние сме вистински тим. Ако Осман може да игра, тоа е подобро. Но, ако не може, сѐ уште ќе бидеме вистински тим. Тоа го зборуваме од почетокот на сезоната“, порача Енрике.

Фото: Принтскрин