Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Арсенал оваа сезона игра многу добро, но сепак не можат да го постигнат посакуваната цел од сите навивачи – титулата на англиската Премиер лига.
„Топџиите“ под раководство на Микел Артета играат многу добро оваа сезона и моментално се наоѓаат на второто место во англиската Премиер лига.
Во Лигата на шампионите стигнаа до полуфиналето каде што вечерва ги очекува реванш натпреварот против ПСЖ.
Првиот натпревар кој беше одигран на „Емирати“ заврши во корист на Французите (1:0), а единствениот стрелец беше Усман Дембеле.
Сепак, една цел која ја имаат сите во клубот и која ја посакуваат сите навивачи на лондонскиот клуб не се оствари ни оваа сезона.
Тоа е титулата на англиската Премиер лига, нешто за кое сите кои го сакаат овој клуб чекаат многу долго време.
Артета и неговиот стручен штаб прилично добро го составија тимот, но недостигаат неколку “запчаници” за сè да се вклопи.
Поради тоа „Топџиите“ и ова лето ќе се свртат кон трансфер пазарот, а летниот преоден рок е сè поблизу.
Како што пишува англискиот „Сан“, Арсенал е заинтересиран за услугите на играчот од нивниот вечерашен ривал ПСЖ.
Станува збор за Ли Канг-Ин, кој игра на крилни позиции и на позицијата офанзивен играч за врска.
Оваа сезона за ПСЖ одигра 44 натпревари и постигна шест голови како и шест асистенции. „Топџиите“ според пишувањата на „Сан“ ќе започнат со сите сили по Кореецот ова лето.
Фото: Grok AI