Гвардиол: Идолот ми беше Рамос, а инспирација татко ми


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Манчестер сити успеа да ја прекине серијата на лоши резултати и по два месеца без пораз го зазеде своето место меѓу клубовите кои следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Титулата во Премиер лигата веќе ја прослави Ливерпул, а Сити ќе се надева дека на трофејот од Комјунити Шилд ќе може да му го додаде и трофејот од победникот на FA купот. Во финалето на Вембли на 17 мај ќе играат за титулата против Кристал Палас.

Клубот на социјалните мрежи објави кратко интервју со Рубен Диас и Јошко Гвардиол. Првото прашање беше за Гвардиол и неговото враќање од позицијата лев бек на место стопер.

„Не ми беше тешко да се вратам на моето место, тоа ми е природно. Долго време играв како стопер, тоа е дел од мене”, рече Гвардиол, а Диас додаде: „Не е дека по една или една и пол година ќе заборавите да играте она што сте го играле цела кариера. Затоа и дојде во клубот, а тоа што играше така добро на левиот бек го натера тренерот да го види и како опција за тоа место.”

На прашањето за идолот во текот на растењето, Гвардиол рече: „Би рекол дека тоа беше Серхио Рамос. Но и мојот татко е тој што ме инспирираше и ме обликуваше во тоа што сум денес. Тој е и сѐ уште е мојот најголем навивач. Тој е причината што сум денес тука“.

Таткото на Јошко, Тихомир, и откако неговиот син стана најскапиот бранител во историјата, и понатаму напорно работи како риболовец и продавач на риба.

Фото: Принтскрин