„Подобро да не се зборува за тоа што го направи Винициус – срамота!“


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во 35. коло на шпанската Ла Лига, Барселона на домашен терен во неверојатен натпревар го победи Реал Мадрид со 4:3 и така стигна на чекор до освојување на титулата. Иако имаше две асистенции, по натпреварот под критики се најде напаѓачот на Реал, Винициус Жуниор.

Бразилската ѕвезда повторно привлече внимание со своето однесување. Винициус имаше проблеми со повреда на зглобот и во 75-та минута прво побара замена, но многу брзо му покажа на Карло Анчелоти, кој веќе го подготвуваше Ендрик, дека сепак не сака да излезе од игра. Ендрик на крајот влезе на местото на Лукас Васкез, а Федерико Валверде, кој му сугерираше на Анчелоти дека повредениот Винициус сепак треба да излезе, мораше да се пресели на десната бековска позиција. Потоа Анчелоти сепак го замени Винициус во 88-та минута.

За Винициус по натпреварот зборуваше Алваро Бенито, поранешен фудбалер на Реал и некогашен тренер на младинските категории во мадридскиот клуб. “Подобро е да не се зборува за тоа што го направи Винициус. Тоа е срамота, тоа е срамота”, рече за Carrusel Deportivo и продолжи:

Фото: Grok AI