Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Кошаркарите на Денвер се наоѓаат на работ од елиминација од плејофот на НБА лигата, моментално губат со 3:2 во серијата против Оклахома, и нема сомнение дека испаѓањето во полуфиналето на Западот нема да ги задоволи челниците и навивачите на клубот!
Тоа е сосема логично, бидејќи Нагетси во тимот го имаат трикратниот МВП, Никола Јокиќ, и еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата.
Борбата за прстенот, и тоа до самиот крај, треба да биде “резервирана” за Денвер. Меѓутоа, вистина е дека Јокиќ нема поддршка од соиграчите што му е потребна. Тука, пред сè, мислиме на Мајкл Портер Џуниор, Расел Вестбрук и Џамал Мареј, кој е бледа сенка од играчот од 2023 година.
Токму затоа, американскиот НБА инсајдер Еван Сидери изнесе интересен предлог: Денвер ова лето треба сериозно да размисли за трејд на Кевин Дурант.
Фото: Принтскрин