Татко му продава риба, а тој вози голф: Англичаните ја открија неверојатната плата на Јошко Гвардиол


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Јошко Гвардиол денес е еден од најдобрите дефанзивци во светот, иако е светска ѕвезда, дефинитивно може да го понесе прекарот „синоним за скромност“.

Гвардиол има 23 години, а огромната слава што ја доживеа во последните две години изгледа дека воопшто не влијаеше премногу на него и неговиот живот.

Од првите сериозни пари Гвардиол ги почести сестрите, мајка си и татко си со купување куќа во близина на Загреб и тогаш покажа дека гордоста не е збор што го има во неговиот речник.

Таткото Тихомир отсекогаш се занимавал со рибарство, а без оглед што неговиот син стана светска ѕвезда, тој продолжи да се занимава со таа работа.

Гвардиол привлече внимание минатата година кога беше сниман дека на тренинг на Манчестер Сити доаѓа со автомобил омилен за Балканците. Во прашање беше Golf R.

Иако многу од неговите соиграчи возат Ламборџини, Ферари, Ролс-Ројси и други скапи машини, Гвардиол одлучи за нешто поскромно.

А сега англискиот Goal донесе и детално известување за примањата на хрватскиот дефанзивец на Етихад. Во прашање се огромни цифри.

Така според податоците на англискиот портал, Гвардиол неделно како член на Манчестер Сити заработува неверојатни 200.000 фунти, односно нешто помалку од 240.000 евра.

Кога е прашање за годишната цифра, зборуваме за износ од 10.4 милиони фунти, односно 12.4 милиони евра. Износ што не го заработува ниеден друг хрватски фудбалер.

Фотографија: Принтскрин