Меси го опиша ривалството со Роналдо


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе останат запаметени како едни од најголемите фудбалери во историјата на овој спорт. Нивната борба во Ла Лига траеше со години, а аргентинецот се осврна на ова ривалство.

Меси во интервју кое го даде за официјалната страница на „Златната топка“ изјави дека ривалството со Роналдо оставило траги на двајцата:

„Секогаш беше предизвик да се игра против него. Спортски, беше прекрасно. Еден друг се туркаме кон тоа да бидеме подобри, зашто двајцата сме крајно амбициозни. Кристијано секогаш сакаше да ги освои сите можни титули, а истото важи и за мене. Тоа беше прекрасно време за нас и за сите љубители на фудбалот.”

Во периодот од 2008 до 2023 година, тие освоија вкупно 13 „Златни топки“ – дури осумпати Меси, а петпати Кристијано.

Фото: Принтскрин