Почна реконструкцијата: Манчестер јунајтед договара фудбалер од 70 милиони евра


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го завршува трансферот на Матеус Куња (25) од Вулверхемптон, пишува Фабрицио Романо и додава дека бразилскиот напаѓач се согласи да потпише за клубот од Олд Трафорд.

Се договараат последните детали од договорот, како и исплатата на отштетата на неговиот клуб. Се очекува дека Јунајтед ќе ја активира откупната клаузула за Cunha која изнесува нешто над 74 милиони евра.

Куња оваа сезона во 31 премиерлигашки настап за Вулвс постигна 15 голови, а има и шест асистенции. Тој е на делба на осмото место на листата на стрелците. Во Вулвс е од почетокот на 2023 година, кога првично дојде на позајмица од Атлетико Мадрид, а потоа и остана во Вулверхемптон во трансфер вреден 50 милиони евра.

Фото: Grok AI