Клоп откри како го разочарале навивачите на Ливерпул


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Јирген Клоп викендов е во Ливерпул и во недела ќе учествува на прославата на титулата англиски шампион, додека во петок учествуваше на гала-вечер на хуманитарната фондација на Ливерпул, каде што донираше сто илјади евра. Германецот, кој го водеше клубот од „Енфилд“ од 2015 до 2024 година, исто така им се обрати на собраните и одговараше на прашања.

Зборуваше на темата за Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул, кого навивачите го исвиркаа бидејќи бесплатно заминува во Реал Мадрид. Клоп го извади дресот на Трент и порача: “Не велам да не бидете разочарани што заминува, но не заборавајте што сè направи за клубот. Јас ги слушнав свирежите и го изгаснав телевизорот. Не можев да бидам поразочаран. Тоа не сме ние.”

Коментираше и гласините кои се појавија на почетокот на неделата во италијанските медиуми. Според нив, Клоп требало да стане нов тренер на Рома, но тој го демантираше тоа. „Тоа е глупост. Ако во наредните пет години видите било какви гласини дека станувам тренер некаде, можете да знаете дека тоа е глупост”, рече тој.

Фотo: Принтскрин