Анчелоти го претстави бразилскиот состав за натпреварите со Еквадор и Парагвај


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Италијанскиот стратег Карло Анчелоти, во својата нова улога како селектор на бразилската фудбалска репрезентација, го објави списокот на играчи за наредните квалификациски натпревари за Светското првенство. Во неговиот избор ги нема звучните имиња Нејмар и Родриго, што предизвика реакции во јавноста.

Тимот на Бразил ќе се соочи со Еквадор и Парагвај во јуни, во рамките на борбата за пласман на Светското првенство во 2026 година. Одлуката на Анчелоти за изоставување на двете познати ѕвезди изненади дел од јавноста, особено со оглед на значењето на овие средби.

Првиот официјален натпревар на Анчелоти како селектор ќе се одржи на 6 јуни. Тогаш, Бразил ќе гостува на Еквадор, а на 11 јуни ќе го пречека Парагвај на својот терен.

Фото: Принтскрин