Симеоне испрати критика до Енрике по дебаклот на Светското клупско првенство


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше за медиумите по поразот на неговиот тим од Пари Сен Жермен на Светското клупско првенство, велејќи дека тие не можат да се споредат.

Европскиот шампион со резултат 4:0 ги совлада мадридските играчи и на совршен начин го започна новото натпреварување. Меѓутоа, Чоло Симеоне имаше забелешка на темата зошто неговиот тим не можел да се носи со Пари Сен Жермен.

Истакна дека платежната моќ на двата тима едноставно не е иста.

„Кога на Луис Енрике му беше потребна помош на левото крило, тие потрошија 70.000.000 за да донесат некого”, кажа Симеоне.

Тука мислеше на Хвича Кварацхелиа кој дојде од Наполи, многу брзо се интегрираше во стартната поставка и беше еден од најзаслужните за европската титула на клубот.

Фото: Принтскрин