Работнички со ново засилување – пристигна Бразилецот Алмеида!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Калани Карилјо Дос Сантос Алмеида е најновото засилување на Работнички за наредната сезона.

Овој фудбалер потпиша двегодишен договор со клубот од Скопје. Тој доаѓа од словенечкиот клуб Толмин, каде минатата сезона забележа седум голови и една асистенција во 31 натпревар.

Пред да заигра во Словенија, Алмеида настапуваше за неколку клуба во Бразил, како Атлетико Минеиро, Ботафого од Параиба и Маринга. Дополнително, има одиграно и за словенечкиот клуб Горица.

Фото: Facebook/ФК Работнички