Денвер е подготвен да остана без Јокиќ!?


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Газдата на клубот Џош Кренке порача дека ќе му понудат на Србинот нов тригодишен договор вреден 212 милиони долари, но не е сигурен дали центарот ќе го прифати.

Чудни, навистина чудни вести доаѓаат од Денвер кога е во прашање Никола Јокиќ. И тоа од страна на првиот човек на клубот, Џош Кренке.

Цела Америка, но и јавноста во НБА лигата беа шокирани кога слушнаа дека Нагетс ќе понудат нов договор на најголемата ѕвезда во лигата, но не се сигурни дека Србинов ќе го прифати. Како Џош Кренке, американски милијардер, и неговиот татко Стен Кренке, кои медиумите во САД ги нарекуваат големи скржавачи, просто сакаат да ги видат грбот на Никола Јокиќ.

Така едноставно и без речиси никаква енергија, Џош Кренке ја информира јавноста дека постои можност Денвер да остане без Никола Јокиќ. Неговата одлука и онаа на неговиот татко не чуди, бидејќи тие гледаат на сè низ призмата на парите и бизнисот, не ги интересира спортот.

Србинов лесно може да ја избере најдобрата понуда за себе и за екипата со која би бил конкурентен за титула. На прв поглед, тимовите кои веќе почнаа да ги чистат составите и се подготвуваат за трејдови, а кои би биле по вкус на српскиот кошаркар се Бостон, Чикаго и Мајами.

Фото: Принтскрин