Автомобилот на Диого Жота целосно изгоре во трагичната несреќа (Видео)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалскиот свет е длабоко потресен од трагичната сообраќајна катастрофа во која животите ги загубија Диого Жота, напаѓач на Ливерпул, и неговиот брат, Андре Силва. Двајцата беа на одмор во Шпанија кога се случила несреќата.

Според информациите што ги соопштила шпанската полиција, до трагедијата дошло по пукање на гума на нивното возило од марката „Ламборгини“. Тоа предизвикало возилото да излезе од контрола и да излета од патот. Автомобилот се запалил веднаш по несреќата и двајцата патници починале на самото место.

Шпанските медиуми пристигнале на местото на настанот, каде што биле забележани сцени од вистински хорор.

Фото: Принтскрин