Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Тажната вест за трагичното загинување на Диого Жота и неговиот брат Андре во сообраќајна несреќа остави силен впечаток во фудбалскиот свет. Болката и жалоста по нивната загуба ја почувствува целиот спортски свет, а еден од првите што изразија жалење е Кристијано Роналдо – португалската фудбалска легенда и долгогодишен соиграч на Жота во репрезентацијата.
Роналдо, кој го делеше дресот со Жота во националниот тим, објави емоционална и трогателна порака на социјалните мрежи.
„Не можам да разберам. Само што бевме заедно во репрезентацијата, ми зборуваше дека ќе се венчаш. До твоето семејство, сопругата и децата, испраќам искрено сочувство и им посакувам сила за да го издржат ова. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате“, објави Роналдо.
Фото: Принтскрин