Тага и болка: Светот се збогува со Жота и неговиот брат (Фото)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во страшна сообраќајна несреќа која се случи во текот на ноќта меѓу среда и четврток, животот го загубија Диого Жота и неговиот брат, Андре Силва. Погребот е закажан за сабота во нивното родно Гондомар.

Од раните утрински часови, играчите на Ливерпул започнаа да пристигнуваат во малото место, каде што ќе му ја оддадат последна почест на својот соиграч.

Во Гондомар пристигнаа и португалскиот претседател, официјални претставници на фудбалската федерација, како и голем број фудбалски агенти кои го изразија своето сочувство.

Фото: Принтскрин