Пред големото полуфинале вечерва, миленикот на навивачите на Реал Мадрид доби извонредни вести


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва ќе го игра полуфиналето на Светското првенство за клубови против ПСЖ, а се очекува дека еден од играчите што повторно ќе имаат забележителна улога е Арда Гулер.

Миленикот на навивачите на Реал Мадрид – Арда Гулер го импресионирал Чаби Алонсо од доаѓањето на шпанскиот стручњак на клупата на Реал Мадрид.

Турчинот започнал секој натпревар на Светското клупско првенство од првата минута и прикажал одлични игри.

Во четвртфиналето против Борусија Дортмунд, особено блеснал и се нашол во улога на асистент два пати при победата на мадридчани со резултат 3:2.

Очигледно е дека 20-годишникот има голема доверба од новиот шеф на стручниот штаб и тоа е нешто што сите навивачи на Реал Мадрид го сакаат да слушнат.

Сепак, кога беше објавено дека Франко Мастантуоно ќе ги засили редовите на кралскиот клуб, многумина се плашеа дека Гулер повторно ќе падне на втор план.

Мастантуоно е играч со сличен профил како Гулер, па многумина мислеа дека доаѓа да биде првата опција, пред самиот Турчин.

Угледниот “The Athletic” сега објави дека тоа нема да биде случај, и дека во клубот му рекле на Гулер дека неговата минутажа нема да биде нарушена со доаѓањето на Аргентинецот.

Се очекува дека овој млад двоец ќе игра заедно на теренот, новото засилување – Мастантуоно на десното крило, а Гулер на средината на теренот.

Фото: Принтскрин