Петровиќ стана најскапиот српски голман досега


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Српскиот репрезентативен голман Ѓорѓе Петровиќ ги напушта редовите на Челзи, но останува во англиската Премиер лига. Како што пренесува доверливиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Петровиќ ќе ја продолжи кариерата во дресот на Борнемут.

Според информациите од Фабрицио Романо, лондонскиот клуб ќе заработи 25 милиони фунти од овој трансфер, односно околу 29 милиони евра, што е сума на која од редовите на Сините беа подготвени да се согласат.

Петровиќ има само 25 години, а во Челзи пристигна во 2023 година. Сепак, не успеа да се избори за постојано место меѓу стативите – во дресот на лондонскиот клуб забележа само 23 настапи. Во меѓувреме, беше испратен на позајмица во францускиот Стразбур.

Фотографија: Принтскрин