Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Македонскиот шампион во фудбал, Шкендија, се подготвува за тежок испит, бидејќи вечерва ќе го пречека моќниот тим на Карабах од Азербејџан. Овој натпревар е дел од третото квалификациско коло за влез во Лигата на шампионите.
Тренерот Јетон Беќири, познат по неговата тактичка прецизност и одлично водење на тимот, одлучи да не прави промени во стартниот состав. Му ја дава својата доверба на истата единаесетка која ја победи романската екипа ФЦСБ во Букурешт минатата недела, обезбедувајќи го вториот триумф над овој противник и пласман во следната фаза.

Фото: KF Shkëndija