Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах не успеа да ги сокрие своите чувства по триумфот на неговиот Ливерпул над Борнмут со резултат 4:2 во првото коло од новата сезона на англиската Премиер лига.
Натпреварот меѓу Ливерпул и Борнмут беше вистинска фудбалска претстава на теренот. Сепак, емоциите беа високи од почетокот до крајот, а сѐ беше посветено на Диого Жота, фудбалерот од Ливерпул кој загина во сообраќајна несреќа минатиот месец.
Неговиот голем пријател и долгогодишен напаѓачки партнер во Ливерпул, Мохамед Салах, тешко ги поднесуваше тие емоции.
Во текот на целиот натпревар беше видливо потресен, постигна гол и го посвети на Жота со типична прослава за португалецот, а после натпреварот се расплака како дете.
Мохамед Салах беше последниот играч кој го напушти теренот, придружувајќи се на емотивната изведба на песната посветена на Диого Жота пред Kop трибината ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025