Жил Кунде и Барса потпишаа договор до 2030 година!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, соопшти каталонскиот клуб.

Финансиските детали не се соопштени, а во соопштението се наведува дека на свеченото продолжување на договорот, покрај Кунде, присуствувале претседателот на Барселона Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ…

Кунде минатата сезона беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик откако запиша 53 настапи во сите натпреварувања, а бидејќи главно играше на позицијата десен бек, постигна и четири гола со осум асистенции.

Французинот е член на Барселона од 2022 година, а пред тоа играше за Севилја и Бордо. Тој за каталонскиот клуб одигра 142 натпревари и постигна седум гола.

За репрезентацијата на Франција настапи на 42 натпревари.

Фото: Грок AI