Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Со само 16 години, Ламин Јамал се најде во првиот тим на Барселона. Недамна наполни 18, а веќе сега е еден од најдобрите во светот и сериозен кандидат за Златната топка.
Како шеснаесетгодишник играше и за Барселона и за сениорската репрезентација на Шпанија, а претходната сезона блескаше како двигателна сила на Барселона, со која освои сè освен Лигата на шампиони.
За Јамал многу се пишува, сепак тој е момче кое годините може да биде најдобро или меѓу најдобрите во светот, но исто така привлекува внимание и по своите активности надвор од теренот.
Познато е дека имал афери со неколку многу постари девојки, дека имал луксузен роденден во јули, кога и ја запозна поранешната девојка на Енцо Фернандез, Ники Никол.
Аргентинката брзо го освоила Јамал, па брзо ја потврдија врската со објавување на заеднички фотографии. Потоа Ники Никол прослави и роденден, а Јамал “се отвори” со подароци, па и купил и Ферари.
Сепак, 13 дена по официјалното објавување на врската, почнаа приказните за раскин. Иако досега ниту фудбалерот ниту пејачката не се огласиле за ова, сите светски медиуми пишуваат за овој раскин.
Се вели дека во сето тоа е вмешан и новиот фудбалер на Реал Мадрид, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој неодамна пристигна од Ривер Плејт за 45 милиони евра.