Мбапе изрази загриженост: Потребен е одмор, се чувствувам изморено


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денес, Франција ја започнува својата мисија за квалификациите за Светското првенство, но Килијан Мбапе, водечката ѕвезда на тимот, испрати сигнал за загриженост. Тој се чувствува премногу истрошено и нагласува дека му е потребен период на одмор.

Една од главните причини за оваа состојба е густата агенда на меѓународни натпревари која поставува екстремни притисоци врз играчите.

„Не знам дали некој фудбалер е способен да издржи 60 натпревари на врвно ниво во една сезона. Јас барем досега не сум видел такво нешто. Искрено, мислам дека е невозможно. Потребно ми е време да се одморам и да се опоравам“, кажа Мбапе.

Фото: Принтскрин