Црвениот дел на Манчестер е во неверување поради враќањето на отпишан играч


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го приреди големо изненадување за сите свои навивачи по потегот што го направија кога станува збор за тимот за оваа сезона во Премиерлигата.

Тимовите имаа рок до денеска да ги потврдат листите на играчи на кои сметаат за оваа сезона во Премиерлигата.

Секој тим мора да има осум домашни играчи, а секој клуб може да регистрира колку сака играчи кои се помлади од 21 година.

Манчестер Јунајтед потврди дека регистрирале вкупно 21 играч од сениорите, а тука се, се разбира, и младите играчи.

Патрик Доргу, Лени Јоро и Коби Мејнуу се играчи кои спаѓаат во играчи помлади од 21 година. Том Хитон, Дермот Ми, Рис Бенет, Хари Мегвајр, Лук Шо, Мејсон Маунт и Амад се седум ‘домашни’ играчи.

Она што сите ги изненади е името на еден играч кој најде место меѓу регистрираните играчи.

Имено, левиот бек Тајрел Малација е дел од тимот кој е регистриран за оваа сезона во Премиерлигата иако беше дел од играчите кои Аморим ги отпишал.