Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Рубен Аморим и покрај лошите резултати сè уште е шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед, а сега е познато колкаво би било отпремнината што би ја добил во случај на отказ.
Рубен Аморим минатиот ноември седна на „жешкото“ столче на англискиот гигант – Манчестер Јунајтед.
Неговата дебитантска сезона не беше забележителна и постигна еден од најлошите пласмани во модерната историја на овој клуб.
Во англиската Премиер лига заврши на очајно 15-то место на табелата, а последниот удар на неговиот тим го зададе Тотенхем Хотспур.
Сега се појави и една од причините поради кои клубот се двоуми да му даде отказ на Аморим, а тоа е големата отпремнина што би требало да ја плати.
Имено, доколку го отпуштат во рок од една година од потпишувањето на договорот (1. ноември), ќе треба да му платат дури 12 милиони фунти.