Фабрицио Романо открива: Ова е судбината на Лионел Меси


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Во последните неколку месеци многу се шпекулираше околу тоа каде би можел да ја заврши кариерата еден од најголемите фудбалери на сите времиња – Лионел Меси.

Според сè изгледа дека Лионел Меси ќе ја заврши кариерата во редовите на Интер Мајами.

Таквите вести, како и веста за новиот договор на легендарниот аргентинец со клубот на Давид Бекам, ги пренесоа многу светски медиуми.

Меѓу нив е и најпознатиот инсајдер во светот на фудбалот, Фабрицио Романо.

Романо истакна дека сè е многу блиску до договор, но нагласи дека со денешниот ден не може да потврди дека сè е завршено.

Така, немаше познатото “Here we go”, кое и покрај тоа летово неколку пати беше промашка.

“Меси е многу блиску до договор за нова соработка со Интер Мајами. Преговорите се во напредната фаза.

Сепак, договорот уште не е постигнат. Остануваат уште неколку точки од преговорите и потврда од МЛС дека таков договор е можен.

Постигнувањето на договорот би можело да биде остварено наскоро, со оглед на тоа што преговорите се забрзаа во последните недели”, напиша Романо.