Винисиус и Алонсо во конфликт – дали ова значи проблеми за Реал Мадрид!? (Видео)


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус повторно не го заврши целиот натпревар за Реал Мадрид, бидејќи во 77. минута од дуелот против Еспањол беше заменет и повлечен на клупата.

Во тие моменти, кога „кралскиот клуб“ имаше сигурна предност и победата беше речиси осигурана, тренерот Чаби Алонсо реши да го заштити напаѓачот од потенцијална опасност од повреда, барем така изгледаше.

Меѓутоа, таквата одлука не му беше по волја на Винисиус, кој јасно изрази незадоволство, оставајќи впечаток дека тензиите помеѓу него и Алонсо се уште не се намалени.

.