Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Карим Бензема би можел да се приклучи на Бенфика, пишува Goal France. Португалскиот клуб, кој го води Жозе Мурињо, има интерес за францускиот напаѓач. Ако трансферот се оствари, судбината веќе подготвува сценарио како за филм: дуел против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Португалскиот тренер знае што му треба за напредок во проектот: искуство, лидерство и голови. Тука се вклопува Бензема. Мурињо не ја криеше желбата да го доведе и веќе и даде до знаење на управата дека вреди да се вложи напор. Секако, тоа нема да биде лесно.
За Французинот ова е последната година од договорот со Ал-Итихад, а заработува вистинско богатство. Ако сака да го носи црвениот дрес на стадионот Да Луж, ќе мора да прифати големо намалување на платата. Саудискиот клуб разгледува и продажба за отштета меѓу 5 и 7 милиони евра. За Бенфика тоа е прифатлива сума… под услов Карим да каже “да”.