Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ Усман Дембеле ја освои Златната топка за 2025 година по голема битка со Ламин Јамал од Барселона.
Јамал остана за малку покус во борбата за престижната награда, но за утеха ја доби по вторпат по ред наградата за најдобар млад играч на светот.
Многумина сметаат дека Дембеле заслужено го освоил ова ласкаво признание, а веднаш пристигнале и бројни коментари.
Се огласил и Килијан Мбапе кој бил пресреќен за Дембеле.
Познато е дека Дембеле и Мбапе веќе подолго време се во добри пријателски односи, а сега ѕвездата на Реал имал кратка порака.
“Какво возбудување, брате! Заслужуваш го тоа 1000%”, напишал Мбапе. И Килијан Мбапе бил во овогодинешниот избор за Златната топка и на крај завршил на седмото место во конечниот поредок.
Во ТОП 3 покрај Дембеле и Јамал завршил Витинја, а во ТОП 5 се уште Мохамед Салах и Рафинја.