Слот потврди: Леони една година без фудбал, а еве кој го зазеде неговото место во ЛШ


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Младиот фудбалер на Ливерпул Џовани Леони ќе паузира околу една година поради пукање на предните вкрстени лигаменти на левата нога, потврди денеска тренерот на Ливерпул Арне Слот.

Осумнаесетгодишниот италијански дефанзивец, кој летово пристигна од Парма, дебитираше во дресот на Ливерпул во победата против Саутемптон во Лига купот, но го напушти теренот во 81-та минута по незгоден скок во еден дуел.

Не е во добра ситуација, затоа што ги скина лигаментите и ќе паузира околу една година. Многу е тешко да се најде позитивна страна во ваква ситуација, но со оглед на тоа што е млад, има многу години пред него по закрепнувањето од ваква тешка повреда”, изјави Слот.

Слот нагласи дека Ливерпул до јануарскиот преоден рок останува со само тројца стандардни стопери, Вирџил ван Дајк, Ибрахим Конате и Џо Гомез.