ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Рубен Аморим продолжи со очајната серија резултати на клупата на Манчестер Јунајтед.
Брентфорд го надигра Јунајтед и славеше со резултат 3:1, па е прилично јасно дека вака не може да продолжи.
На социјалните мрежи кружат само негативни коментари за Аморим, а ние ги издвоивме топ 10 причините поради кои е повеќе од јасно дека Португалецот мора да добие отказ.
– 32 бодови во Премиер лигата на 35 натпревари
– на табелата на ПЛ од неговото доаѓање, Јунајтед е во зоната на испаѓање
– 21 пораз за помалку од една година
– Вест Хем освои повеќе бодови од Јунајтед, а во меѓувреме го отпушти Грејам Потер
– Никогаш не врзал две победи во ПЛ
– Се уште одбива да се адаптира и да го промени системот
– Играчите одбиваат да ги прифатат неговите тактички идеи
– Погрешен избор на играчи и откривање на нивните слабости наместо на доблестите
– Екипата му недостасува интензитет во секој натпревар иако игра еднаш неделно
– Ван Гал беше отпуштен поради петтото место, Мурињо поради шестото, Тен Хаг беше осми па 14-ти, Аморим беше 15-ти и сега 14-ти и сѐ уште е тука.