Ибрахимовиќ објави видео од теретана: „Сила на природата“ (Видео)


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ се повлече по сезоната 2022/23 по брилијантна кариера во која освои 34 трофеи и постигна повеќе од 550 голови. Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, познат по головите но и по неговата самоувереност и хумор, дури и две години по пензионирањето изгледа силно и во форма.

Причината за тоа веројатно е и напорната работа во теретаната од која сподели видео на својот Instagram со опис „сила на природата“. Ибрахимовиќ, кој за пет дена ќе го прослави својот 44. роденден, сè уште е мускулест и моќен, што го докажа со вежби со тегови.

Ибрахимовиќ одигра највеќе натпревари (180), постигна највеќе голови (156) и запиша највеќе асистенции (62) играјќи за Paris Saint-Germain. Со францускиот клуб освои и најмногу трофеи (12). Титули прославил и во дресот на Ajax, Inter, Barcelona, Milan и Manchester United, а играл уште за Malmö, Juventus и LA Galaxy.

.