ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Легендата на Јунајтед отворено ги критикуваше менаџерот и играчите по новото посрнување. Руни тврди дека денешниот Јунајтед повеќе не го препознава како клуб во кој ја испиша историјата.
Вејн Руни, иконата на Манчестер Јунајтед, отворено призна дека нема доверба во менаџерот Рубен Аморим.
Неговите зборови стигнаа по уште еден тежок пораз, овој пат од Брентфорд.
Јунајтед ја започна сезоната катастрофално, забележувајќи само две победи во Премиер лигата – против Барнли и десеткуваниот Челси.
Тимот дополнително потона по испаѓањето од Карабао Купот веќе во првиот натпревар, и тоа од второлигашот Гримсби.
Аморим, кој има само 40 години, тврдоглаво инсистира дека неговата тактичка филозофија не е проблем на Олд Трафорд.
“И самиот се обидов во менаџерскиот свет и не помина баш најдобро, па разбирам,” додаде поранешниот тренер на Дерби Каунти и Бирмингем.
„Рубен Аморим е од моите години, малку помлад, уште млад менаџер. Сигурен сум дека го чека добра иднина. Но, што се случува со Ман Јунајтед? Не го препознавам целиот клуб.”
“Искрено се надевам дека може да ја сврти ситуацијата и дека ќе успее. Но, ако ме прашате дали верувам дека тоа ќе се случи – по сè што видов, искрено, немам доверба.”