Фабиo Канаваро доби егзотичен повик, ќе биде селектор на Мундијалот?


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Легендата на италијанскиот фудбал и освојувач на Светското првенство во 2006 година Фабиo Канаваро би можел да ја преземе селекцијата на Узбекистан, пренесуваат италијанските медиуми.

Фудбалската федерација на Узбекистан стапи во официјален контакт со Канаваро за да разговараат за неговиот ангажман на селекторската позиција.

Репрезентацијата веќе обезбеди пласман на Светското првенство 2026 година, а на клупата би можел да ја предводи поранешниот капитен на “аѕурите”.

Канаваро тренерската кариера најмногу ја градел во Кина, а потоа се врати во Италија каде што го предводеше Беневенто (2022/23) и Удинезе (2023/24). 

Последниот ангажман го имаше во Динамо од Загреб, но го напушти клубот по неуспешната борба за титулата.

Узбекистан до историскиот пласман на Мундијалот дојде со освојување на второто место во групата А од третата фаза на азиските квалификации, зад Иран, а пред селекции како Обединетите Арапски Емирати, Катар, Киргистан и Северна Кореја.

Репрезентацијата на Узбекистан во најголемиот дел од квалификациите за Светското првенство 2026 ја предводеше словенечкиот стручњак Среќко Катанеќ, но тој на почетокот на јануари оваа година ја напушти клупата поради здравствени причини.

Неговото место го презеде некогашниот капитен и легендарен фудбалер на таа земја Тимур Кападзе, кој успешно ги приведе квалификациите до крај и официјално го одведе националниот тим на историскиот Мундијал.